Цената на гасот во Европа скокна над 2.800 долари за илјада кубни метри

58

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 2.800 долари за 1.000 кубни метри, за прв пат од почетокот на март, продолжувајќи го својот раст по извештаите за тридневен прекин на протокот низ гасоводот Северен тек 1 кој започнува на 31 август поради работи за одржување.

Гасот за испорака во септември во холандскиот центар ТТФ е договорен по цена од 2.862 долари за 1.000 кубни метри, односно за 275.965 евра за мегават-час (MWh) по тековниот курс евро/долар, покажуваат податоците за лондонската ICE берза, пренесува Тасс.

Од почетокот на денешното тргување, цената на гасот скокна за речиси 13 отсто.