Цената на јагленот порасна во Европа по забраната за увоз од Русија

60

Цените на јагленот во Европа продолжуваат да растат и вчера достигнаа 303 долари за тон, откако Европската комисија објави забрана за увоз на руски јаглен.

Индексот API2, кој е референтна вредност за европските цени на јагленот, скокна за 12,5 отсто на 295 долари за тон во вторникот на фјучерс пазарот во Ротердам, откако претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен објави забрана за увоз на руски јаглен.

Цените на овој енергенс и вчера продолжија да растат за дополнителни 4,5 отсто во однос на затворањето на берзата во вторник, на 303 долари за тон, пренесува агенцијата Анадолија.

Јагленот за испорака во мај и јуни годинава (фјучерс договори) се тргува по цена од 325, односно 323 долари за тон.

Фото: Freepik