Цената на нафтата допрва ќе расте – Русија не исклучува нови поскапувања до крајот на годината

136

Русија не исклучува уште посилен раст на цената на нафтата до крајот на годината, иако се ќе зависи од рамнотежата меѓу понудата и побарувачката, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Тој додаде дека Русија сè уште се надева дека глобалната побарувачка за нафта ќе се зголеми, и покрај постојаната неизвесност во врска со можните мерки за заклучување во Кина поврзани со Ковид-19, пренесува Тасс.

„Постојат различни прогнози… особено што укажуваат на понатамошен раст ( на цените на нафтата). Се зависи од рамнотежата помеѓу понудата и побарувачката. Се надевам дека побарувачката ќе продолжи да закрепнува во текот на годината како што е планирано, иако постојат одредени ризици поврзани со блокадите во Кина, па останува да се види како ќе се развиваат глобалната економија и потрошувачката“, рече Новак.

Од 15 до 18 јуни се одржува Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, во организација на Фондацијата „Росконгрес“.

Овогодинешниот јубилеј, (25) на Меѓународниот економски форум, носи наслов: „Нови можности во новиот свет“. На собирот присуствуваат официјални лица и бизнисмени од повеќе од 120 земји, вклучувајќи ги, според Тасс, оние „од не многу пријателски земји“ како што се САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Германија и Холандија.

На форумот денеска ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.