Цената на нафтата падна втора недела по ред

108

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи трговците стравуваат дека зголемувањето на каматите од страна на централните банки поради високата инфлација ќе го забави растот на светската економија, што ќе ја ослаби побарувачката за нафта.
Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 4,1 отсто, на 107,02 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,4 отсто, на 104,79 долари. Така, цената на нафтата падна и во првата недела од јули, откако во јуни го забележаа првиот пад на месечно ниво од ноември минатата година. Тоа е последица на забавувањето на растот на најголемите светски економии, особено американската и европската.

Утрово цената на барел нафта од типот брент изнесува 106 долари, а ВТИ се тргува по цена од  103 долари.