Цената на нафтата скокна на 120 долари за барел

67

Цените на нафтата пораснаа на почетокот на новата трговска недела, поради олеснувањето на ковид локдаунот во Кина и планот на Европската унија да го забрани увозот на руска сурова нафта.

Европската нафта Брент синоќа достигна 120,2 долари за барел, по што благо падна на 119,8 долари. Цената на Брент, која претставува референтна вредност на светскиот пазар на нафта, минатата недела затвори со добивка од 6,0 отсто, на највисоко ниво во последните два месеци, пренесува „Блумберг“.

Американската нафта WTI исто така зајакна и се тргува за 116 долари за барел, според најновите достапни податоци.