Цената на струјата со драстичен скок во Европа

48

Инвазијата на Русија на Украина трае веќе 25 дена, а санкциите наметнати на руската држава влијаат на цените на храната, гасот и нафтените деривати ширум светот

Во средината на март беше објавен список на цени на истата храна во Русија и Европа.

Имено, за литар бензин во Русија ќе издвоите 0,40 евра, додека во Европа ќе треба да издвоите 2,1. Во Русија ќе плаќате 0,31 литри дизел, а во Европа 1,8.

Цените ширум светот го достигнаа својот историски максимум, а Европа е најтешко погодена од бранот поскапувања.

Во Европа струјата поскапе и во средината на март беше 3,50 евра за киловат час, додека во Русија беше 0,004 евра.

Оттаму потсетуваат дека шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, на 9 март ги повика сите Европејци помалку да го користат парното за да ја „пресечат папочната врвца што ги врзува со Русија“.

Килограм шеќер во руските продавници е 0,46, а во Европа околу едно евро.

Маслото за јадење, кое е едно од основните прехранбени производи, на европските полици достигна цена од 3,5 евра, додека во Русија чини 1 евро.