Цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 1.400 долари

7

Цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 1.400 долари, благодарение на помалку агресивната политика на американските Федерални резерви околу каматните стапни и долгорочната глобална неизвесност, оценуваат експертите, пренесува CNBC.

Мартин Хаксли од сингапурската компанија INTL FCStoun вели дека цената на златото долго време се движеше од 1.217 до 1.330 долари, но дека тоа би можело да се промени.

“Може да очекува златото да продолжи да се тргува во тој распон во следните месеци. Но, во другата половина од годината може да се очекува цената да порасне и да достигне 1.400 долари до крајот на годината“, вели Хаксли.

Централните банки во светот купуваат злато во количини што не се забележани во изминатите 50 години, во рамки на диверзификација на резервите и ограничување на одредени валути, вклучувајќи го и американскиот долар.