Цени во Грција – колку чини вода, а колку гиро

96

По отворањето на границите и почетокот на летната сезона во Грција, меѓу туристите има дискусии за зголемувањето на цените на сместувањето, пијалоците, оброците, лежалките и други работи. Сите претпоставуваат дека поради подолга пауза во работата, цените нагло ќе скокаат, но во овој момент нема големи промени.

Сопственичката на продавницата во Неа Мармарис, Зорица Николиќ вели дека сопствениците на становите сè уште не успеале да подготват сè како што треба, а камоли да ги зголемат цените на сместувањето, пишува Блиц.

“Сè уште е рано. Многу сопственици на станови не успеаја ниту да ги поправат сите објекти поради епидемиолошки мерки. Сите се надеваме дека оваа сезона ќе биде многу подобра од претходната“, вели Зорица.

Во продолжение моменталните цени на најпродаваните намирници во Грција:

гиро –  од 3 до 3,3 евра

пиво (0,5 л) – од 1,4 до 1,65 евра

домат (1 кг) – 2,10 евра

пиперка (1 кг) – 2,40-3,30 евра

јаболка (1 кг) – 1,80 евра

лимон (1 кг) – 1,9 евра

 лубеница – 1,10 евра

портокали – 1,30  евра

компири – 0,90 центи

млеко еден литар – 1,80-1,95 евра

маслиново масло – пет евра

леб – 0,40 центи

 вода (6л) – 1-1,7 евра

Фото: Pixabay