Цени во земјоделството во април

19

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените во земјоделството во април 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 2,8%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 1,5%.

Во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 3,1%, а цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) се намалени за 1,7%.

Во делот аутпут, во април 2019 година, во споредба со април 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 101,8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100,4.