Цени во земјоделството во април оваа година

25

Цените во земјоделството во април оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот е намален за 6,1%, а кај аутпутот е зголемен за 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2015 година, во споредба со април 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 93,5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,7.

Во делот аутпут, во април 2015 година, во споредба со април 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 119, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,9.