Цени во земјоделството во јануари

25

Цените на земјоделството во јануари оваа година, во однос на истиот период претходната година, кај инпутот е намален за 8,3%, а кај аутпутот намалувањето е за 2,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јануари оваа година, во споредба со истиот период лани, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 91,2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,6.

Во делот аутпут, во јануари 2015 година, во споредба со јануари 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97,2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99,5.