Цени во земјоделството во јуни оваа година

19

Цените во земјоделството во јуни 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се намалени за 1%, а кај аутпутот се зголемени за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2016 година, во споредба со јуни 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 98,9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,7.

Во делот аутпут, во јуни 2016 година, во споредба со јуни 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106,8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,3.