Цени во земјоделството во јуни

26

Цените во земјоделството во јуни 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 4,8%, а кај аутпутот е намален за 5,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, цените на инпут 1, односно кај тековно потрошени средства во земјоделството бележат намалување од 5%, додека цените на инпут 2, односно средства наменети за инвестиции во земјоделството се намалени за 0,1%.

Во делот аутпут, во јуни 2014 година, во споредба со јуни 2013 година, цените на растителното производство се намалени за 7,3%, а цените на добиточното производство за 0,8%.