Цени во земјоделството во мај

19

Цените во земјоделството во мај оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот се намалени за 4,9%, додека кај аутпутот има зголемување од 12,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94,8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101,2.

Во делот аутпут, во мај 2015 година, во споредба со мај 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 119, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98,4.