Цени во земјоделството во ноември

16

Цените во земјоделството во ноември оваа година, во однос на истиот период лан, кај инпутот е намален за 4,6%, додека кај аутпутот намалувањето е за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95,1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100,6.

Во делот аутпут, во ноември 2015 година, во споредба со ноември 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 100,9, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,5.