Цени во земјоделството во октомври

25

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e на исто ниво, а кај аутпутот е намален за 4,3%.

Во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 100, а индексот на цените на средства наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 99,9.

Во делот аутпут, во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 96, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95,2.