Цени во земјоделството во септември

16

Цените во земјоделството во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 1%, а кај аутпутот се намалени за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството се зголемени 1,1%, а цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството се намалени за 0,6%.

Во делот аутпут, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97,9 а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95,7.