
На европските берзи се тргува претпазливо, индексите стагнираат, додека фокусот на инвеститорите е во рударскиот сектор. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,1 отсто во 9:30 часот.
Истовремено, лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,50 отсто, на 8.080 поени, додека франкфуртски DAX падна за 0,34 отсто, на 18.030 поени, а париски CAC за 0,03 отсто, на 8.089 поени.
И додека повеќето сектори забележаа благ пад, цените на акциите во рударскиот сектор пораснаа во просек за 2,3 отсто. Главно поради 12-процентното зголемување на цената на акциите на Anglo American, по веста дека австралиската BHP Group понудила 39 милијарди долари за преземање на компанијата.











