Цените на буковото огревно дрво намалени за 10% и 15%

20

Јавното претпријатие Македонски шуми ги намали цените на буковото огревно дрво за 10% за сите физички лица и за 15% за корисниците на социјална помош.

Ваквата одлука ќе важи до 30 септември годинава, а е донесена со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, особено на ранливите категории.

Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10% е 2133,60 денари за метар кубен, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 % попуст е 2015,03 денари.

Овие цени важат за купување во складовите на ЈП Македонски шуми.