Цените на „црното злато“ на светските берзи варираат

82

Цените на нафтата се искачија на близу 94 долари во вторникот, поттикнати од послабиот долар и загриженоста за снабдувањето, особено откако министерот на Саудиска Арабија рече дека продажбата на енергетските резерви манипулира со пазарите. Пад се бележи во утринското тргување.

Според податоците објавени на веб-страницата OilPrice,  цената на нафтата од типот брент е 92,23 долари. Тексас суровата нафта WTI се тргува за 84,34 долари.

Во вторникот цената на нафтата падна за повеќе од еден долар во утринското тргување поради индициите дека има забавување на економските активности во Соединетите Американски Држави (САД) и Кина, кои се двата најголеми светски потрошувачи на оваа енергија, пренесува SEEbiz.