Цените на храната, енергијата, металите незапирливо растат – светот се подготвува за нова економска криза?

361

Цените на горивата никогаш не биле повисоки, Либан пред неколку дена остана целосно без електрична енергија, засега се шпекулира за зголемување на цените во САД, се намалува снабдувањето со електрична енергија во фабриките во Кина, Албанија објави вонредна состојба. Сето ова натера многумина да се запрашаат дали новите цени се вовед во нова економска криза.

Во последната година, според неколку интернет-страници што го следат движењето на цените на светските берзи, природниот гас поскапе за 110,9 проценти, нафтата за речиси 70 проценти, алуминиумот за 53,09, калајот за 79,84, памукот за 40 проценти, кафето за 54 проценти, масло за готвење 37,9 проценти, шеќерот 32 проценти…

Остриот скок на побарувачката, кој следуваше по олеснувањето на мерките за заштита од Ковид-19, во комбинација со финансиската помош што земјите од светот ја впумпуваат во своите економии, доведе до астрономски пораст на цените на индустриските производи. За многу кратко време цените на металите, енергијата и земјоделските производи се кренаа до степен што многумина ги натера да се запрашаат дали новите цени се вовед во нова економска криза, пишува српски Блиц.

Овој раст во голема мера се прелева и на цените на производите за широка потрошувачка, како во светот така и кај нас. Како што стојат работите, нема идеално решение и се чини дека централните банки на водечките светски економии ќе имаат пресудна улога во ублажувањето на последиците.

Енергетската криза е во полн ек, а земјите низ светот имаат проблеми со производството на електрична енергија. Цените на бензинот, кои најмногу ја погодија ЕУ, никогаш не биле повисоки, Либан пред неколку дена остана целосно без електрична енергија, засега се шпекулира за зголемување на цените во САД, се намалува снабдувањето со електрична енергија во фабриките во Кина, Албанија објави вонредна состојба…

Цените на природниот гас се зголемија за 110,9 проценти минатата година.

Цената на нафтата, под притисок на скокање на цените на другите извори на енергија и зголемена побарувачка минатата година, порасна за речиси 70 проценти (69,63 проценти).

Метали

Покрај енергијата, големо зголемување на цените бележат металите, кои се клучни компоненти во речиси сите сектори на индустријата. Највисок пораст на цените е забележан кај калајот, речиси 80 проценти (79,84 проценти), кобалтот околу 66 проценти (65,83 проценти) и алуминиумот 53,09 проценти.

Сите клучни земјоделски производи што се користат за производство на храна доживеаја невообичаено голем пораст на цените. Најголем раст е забележан кај кафето (54 проценти), шеќерот (32 проценти), палминото масло (37,9 проценти) и памукот (40 проценти).

Која е причината за ваквите скокови на цените?

Тековната пандемија на коронавирусот, т.е. последици што се одразија во пад на економската активност, пад на вработеноста итн. ги поттикнаа монетарните центри на моќ во светот, како што се Соединетите Држави, Јапонија и ЕУ, преку „пакети помош“ да издадат огромни суми пари, што масовно ги зголеми долговите и на економијата и на населението, како и јавниот сектор низ целиот свет.

Во исто време побарувачката за инвестициски добра и суровини падна минатата година, а цените на енергијата и другите суровини се на историско ниско ниво. За потсетување, во еден момент во април минатата година цената на барел нафта отиде дури и во минус.

Како што земјите почнаа да попуштаат на антипандемиските мерки, имаше ненадеен скок на побарувачката. Како што нѐ учат економските правила, единствениот начин да се реши шокот од зголемената побарувачката е да се зголемат и цените, т.е. инфлација. Дека скокот на побарувачката, во комбинација со рекордното големо „пумпање“ пари во светската економија, создаде необичен проблем сведочи и фактот што беа соборени неколку рекорди во областа на стапките на инфлација.

Што нè чека

Светската економија најверојатно ја чекаат две сценарија.

Првото, во кое работите продолжуваат да се случуваат самостојно, пазарот ќе игра улога на регулаторен механизам, и идеално инфлацијата би била краткотрајна и цените ќе се вратат во нормала. Ова сценарио подразбира дека компаниите самите ќе најдат начин да се справат со трошоците, или со намалување на профитот, што е речиси незамисливо во светот во кој живееме моментално, или со намалување на трошоците (на пример, отпуштање работници, што исто така е малку веројатно бидејќи производството исто така опаѓа и повторно се враќаме на падот на профитот).

По воведувањето мерки за штедење меѓу учесниците на пазарот, инфлацијата ќе се намали и ќе исчезне, и ќе се воспостави нова рамнотежа на понудата и побарувачката. Сето ова е малку веројатно бидејќи во никој случај учесниците на пазарот не реагираат на усогласено и последиците од решението на отворен пазар би биле катастрофални.

Второто сценарио е вообичаеното. Федералните резерви и Европската централна банка ги зголемуваат каматните стапки и воведуваат интервенции на отворен пазар, со повлекување на ликвидноста од пазарот. Така, добиваме последица од намалувањето на пласманите во реалниот сектор и домаќинствата, повисоки финансиски цени и зголемени каматни стапки, што во комбинација со тековната прекумерна задолженост ја става во ризик ликвидноста на реалниот сектор, економската активност и значително помали инвестиции.