Цените на нафатата во слободен пад

95

Цените на нафтата на меѓународните пазари забележаа пад на почетокот на оваа недела, поради намалената побарувачка предизвикана од запирање на активностите во повеќе индустриски дејности, како и запирање на сите патувања за да се спречи ширење на пандемијата од коронавирусот.

Падот на цената на нафтата трае веќе четири недели.

На лондонската берза, цената достигна 25,98 долари за еден барел, односно се намали за еден долар во однос на претходното затворање. На американскиот пазар, цената на еден барел се намали за 18 центи и се позиционираше на 22,45 долари.

Намалената побарувачка за нафта е предизвикана поради пандемијата од коронавирусот, а доаѓа во време кога на нафтениот пазар се води отворена “војна“ меѓу големите производители – Русија и Саудиска Арабија.

Презаситеноста на пазарот е толку голема, што регулаторите во САД, за прв пат по 50 години, планираат да го ограничат производството.

Од почетокот на годината, цените на нафтата се намалија за повеќе од 60%.

Фото: Pixabay