Цените на нафтата благо пораснаа минатата недела, трговците се надеваат на побарувачка од Кина

28

На светските пазари, цените на нафтата благо пораснаа минатата недела, бидејќи се поддржани од надежта на трговците за поголема побарувачка од Кина, но растот на цените е ограничен бидејќи тие се притиснати од стравот од банкарска криза и забавување на растот на западните економии. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 2,8 отсто, на 74,99 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 3,8 отсто, на 69,26 долари.

Така, цените надоместија дел од загубите од претходната недела, кога потонаа за повеќе од 10 отсто. Растот на цените најмногу се должи на надежите на трговците за забрзување на растот на кинеската економија, најголемиот светски увозник на нафта, што треба да ја зајакне побарувачката.

Утрово Брент се тргува за 75,80 долари за барел, а WTI za 69,68 долари за барел.