Цените на нафтата близу 68 долари

19

Цените на нафтата забележаа скок на 68 долари на меѓународните пазари, најмногу поради прекинот на либискиот извоз и очекувањата за најновите податоци од САД што сигнализираат стабилно закрепнување на побарувачката за енергенти.

На лондонскиот пазар, цената на барел порасна за 55 центи на 67,60 долари, а на американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по цена за 24 центи повисока на 63,62 долари долари.

Либија прогласи “виша сила“ на извозот од пристаништето Харига и предупреди дека мерките би можеле да се прошират и на други инфраструктурни делови, повикувајќи се на спор околу буџетот. Од Харига во април би требало да се извезат околу 180.000 барели нафта дневно.

Трговците внимателно ги следат и информациите од Американскиот институт за нафта, околу состојбата на залихите во САД.

Фото: Pexels