Цените на нафтата и понатаму продолжуваат да паѓаат

149

Цените на нафтата паднаа под нивото од 87 долари на меѓународните пазари во петокот, како одраз на стравувањата на инвеститорите дека зголемувањето на каматните стапки во Европа и САД ќе предизвика рецесија и ќе ја ограничи побарувачката на нафта.

На лондонскиот пазар цената е барел денеска изнесува 86,15 долари, додека американската WTI се тргува по цена од 78,74 долари за барел.

Во текот на неделата, WTI падна за околу 7 отсто, а Брент за околу 6 отсто, што ја одбележа четвртата последователна недела на пад на реперот, што е првпат тоа да се случи од јануари.

Откако американската централна банка ги зголеми каматните стапки за огромни 75 базични поени во средата, централните банки ширум светот го следеа примерот со сопствени зголемувања, зголемувајќи го ризикот од економско забавување.

Силниот долар ја намалува побарувачката за нафта, што го прави горивото поскапо за купувачите кои користат други валути. Цените на нафтата паѓаат и поради стравот дека побарувачката дополнително ќе се намали доколку развиените земји влезат во рецесија.

Падот на деловната активност во еврозоната се продлабочи во септември, покажа истражувањето, сугерирајќи дека се наѕира рецесија бидејќи потрошувачите ги зауздуваат трошоците за да се справат со повисоките цени на енергијата и додека владите повикуваат на штедење по потегот на Русија да го прекине снабдувањето со енергија во Европа.