Цените на нафтата на берзите на највисоко ниво во последните 5 месеци

16

На Азиските берзи цените на акциите пораснаа, главно благодарение на слабеењето на јенот во однос на сите валути освен американскиот долар, што го зајакна купувањето на јапонски акции, додека цената на нафтата се искачи на највисоко ниво во последните пет месеци, а цената на златото до ново рекордно ниво.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции беше зголемен за 0,4 отсто во 6 часот наутро, иако тргувањето беше пригушено поради одморот во Кина. Токискиот Никеи, пак, скокна за 1,6 отсто.

Дел од добивките на азиските берзи се резултат на прекините во снабдувањето по земјотресот во Тајван, како и на геополитичките тензии, но и на оптимизмот во однос на глобалниот економски раст по закрепнувањето на индексот PMI, особено за Кина.

На девизните пазари индексот на доларот ослабе за 0,5 отсто на 104,21 поени, откако претседателот на ФЕД Џером Пауел во средата потврди дека ФЕД ќе продолжи да ги следи показателите уште некое време пред да почне да ги намалува каматните стапки.

Сепак, индексот на доларот е зголемен за 2,8 отсто од почетокот на годината, бидејќи учесниците на пазарот ги преполовија своите претходни очекувања за овогодишното намалување на каматните стапки за 1,6 процентни поени. Во вторникот тој индекс достигна 105,1 поен, највисоко ниво во последните 4,5 месеци.

Еврото во четвртокот зајакна за 0,6 отсто во однос на доларот, на 1.084 долари, додека курсот на јенот ослабна само малку во однос на американската валута, на 151,6 јени за долар, бидејќи инвеститорите стравуваат од девизна интервенција на јапонските власти, што би можело да следи доколку неговиот девизен курс се пробива на 152 јени за долар.

Раст на цената на нафтата, највисоко ниво во последните 5 месеци
Сепак, во однос на другите светски валути, инвеститорите не се плашат од оваа интервенција, па курсот на еврото скокна за 0,7 отсто, на 164,34 јени, додека канадскиот долар достигна највисоко ниво во однос на јенот во последните 16 години од 112,31 јени.

Цените на нафтата, од друга страна, достигнаа највисоко ниво во последните 5 месеци, бидејќи нападите на Украина врз руските рафинерии доведоа до намалување на залихите на гориво, а инвеститорите стравуваат од ширење на војна на Блискиот Исток и Иран. Брент поскапе за 30 центи на 89,65 долари за барел, исто како и американскиот WTI, кој утринава изнесуваше 85,73 долари.

Цената на златото достигна ново рекордно ниво од 2.392 долари за унца. Од почетокот на февруари, благодарение на поголемата побарувачка од инвестициските фондови, златото поскапе за 12 отсто.