Цените на нафтата на светските берзи паѓаат

Утрово цените на нафтата на американскиот пазар се движеа надолу, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 78,01 долари, а нафтата од типот брент 82,08 долари за барел, објави Oil Price.

Цените на нафтата се задржаа на близу 83 долари во петокот, бидејќи извештајот за работни места во САД ги поттикна шпекулациите за забавување на економијата и подобрување на изгледите за намалување на каматните стапки на почетокот на летото.

На лондонскиот пазар цената на барелот е речиси непроменета во однос на четвртокот и изнесува 82,85 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот се тргуваше по 78,79 долари, пренесува SEEbiz.

На крајот на неделата, трговците се фокусираа на извештајот за американскиот пазар на труд во февруари. Стапката на невработеност благо се зголеми, а растот на платите забави, сигнализирајќи дека економијата можеби забавува.