Цените на нафтата над 54 долари

31

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари на ниво од над 54 долари, поради најавата дека Саудиска Арабија дополнително ќе го намали производството и неочекуваниот голем пад на американските залихи.

На лондонскиот пазар, цената на барел била скоро непроменета во однос на претходното тргување и изнесуваше 54,35 долари. За кратко се приближи на ниво од 55 долари, како пред пандемијата.

На американскиот пазар, еден барел нафта поскапе за 26 центи на 50,89 долари, а за кратко достигна 51,28 долари.

Цените во изминатите два дена пораснаа повеќе од три долари на двата пазари поради најавата дека Саудиска Арабија сама дополнително ќе го намали производството за милиони барели дневно во февруари и март за да ги поттикне останатите производители да продолжат со ограничување на снабдувањето како и досега.

Фото: Freepik