Цените на нафтата над 90 долари за барел

14

Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 90 долари во средата.
Цената на барелот со датуми на испорака во декември беше за 30 центи повисока на лондонскиот пазар по пладне отколку на затворањето на тргувањето во вторникот и изнесуваше 90,33 долари.

На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во декември вчераа се тргуваше за 34 центи повисоко, на 82,41.

Утрово Брент се тргува по цена од 90,30 долари за барел, а WTI za 87,20 долари за барел.

Трговците  беа изненадени од најавата на Саудиска Арабија дека ќе ја намали понудата за уште еден милион барели дневно до крајот на годината, бидејќи очекуваа да ја продолжи одлуката само до крајот на октомври. И Русија најави дека ќе ја продолжи одлуката за намалување на извозот за 300.000 барели дневно до крајот на декември.

Во средата, пазарите се фокусираа на саудиската напомена дека ќе ја анализира состојбата на пазарот секој месец за да утврди дали треба дополнително да се намали или можеби да се зголеми производството.