Цените на нафтата нагло паднаа, по најавата на САД за најголемото ослободување нафта во историјата

184

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден веќе неколку месеци размислува да стави на пазарот до 180 милиони барели нафта од Стратегиските нафтени резерви, како резултат на напорите на Белата куќа да ги намали цените на горивата.

Ова би било третпат САД да ги користат своите стратешки резерви во последните шест месеци, но и најголемото ослободување нафта во речиси 50-годишната историја на Стратешките нафтени резерви, пишува Reuters, повикувајќи се на три американски извори.

Досегашното пуштање на нафтата не успеа да ги намали цените бидејќи глобалната побарувачка речиси го достигна нивото пред пандемијата, додека условите на страната на понудата се затегнати на глобално ниво.

Имено, цената на нафтата почна да расте кон крајот на февруари со нападот на Русија врз Украина, на што САД и западните сојузници одговорија со санкции против Русија, вториот најголем извозник на сурова нафта во светот.

Цената на референтната нафта брент скокна на почетокот на овој месец на околу 139 долари за барел, што е највисока од 2008 година и беше блиску до 110 долари за барел на азиското тргување во четвртокот.

Претседателот Џо ќе ги претстави плановите на неговата администрација во четврток, соопшти Белата куќа, одбивајќи да го коментира планот за ослободување нафта.

Стратешките нафтени резерви во моментов располагаат со 568,3 милиони барели нафта, што е најниско ниво од мај 2002 година, наведува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од американското Министерство за енергетика.

По оваа вест, утринава цената на нафтата нагло падна на азиските пазари. Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 3,9 отсто на 109 долари, а во САД за 4,6 отсто на 102,85 долари.