Цените на нафтата не престануваат да растат

129

Цените на нафтата се искачија над 96 долари на меѓународните пазари, бидејќи најавата на главните производители за значително помала понуда од ноември ги надмина стравувањата од рецесија поради повисоките каматни стапки во големите економии.

На лондонскиот пазар цената на барелот утрово изнесува 97,92 долари. А исто поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргува по 92,64 долари, покажуваат податоците на OilPrice.

Пазарите беа поттикнати оваа недела со одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, да го намалат снабдувањето од ноември.

Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се транспортира со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака тесниот пазар.

„Една од клучните последици од последното намалување на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на нивото од 100 долари за цената на нафтата“, рече Стивен Бренок од PVM.

Тој додаде дека растот на цените веројатно ќе биде ограничен од се побројните неповолни трендови во економијата.