Цените на нафтата од утрово во пораст

57

Цените на нафтата од утрово растат. На лондонскиот пазар цената на барелот е 113 долари, што е зголемување за повеќе од 2% во однос на вчерашниот ден. Расте и цената на барел нафта на американскиот пазар и изнесува 107 долари за барел.

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 21.272 долари, што е зголемување за два отсто во однос на вчера. Во плус се и другите криптовалути.