Цените на нафтата околу 55 долари

31

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 55 долари, балансирајќи меѓу добрите вести од САД и загриженоста за побарувачка во услови на построги мерки во услови на пандемија.

На лондонскиот пазар, цената на барел нафта беше скоро непроменета и изнесуваше 55,48 долари. Значајни промени не се евидентирани ниту на американскиот пазар, каде со барел нафта се тргуваше по 52,32 долари.

Од Организацијата на земји извознички на нафта доаѓа информацијата дека референтната цена на барел нафта на нејзините членки на крајот на минатата недела достигна 54,69 долари, што значи пад од 45 центи.

Фото: Freepik