Цените на нафтата паднаа втора недела по ред

43

Цените на нафтата на светските берзи паднаа минатата недела. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за околу 2 отсто, на 82,74 долари, додека барелот на американскиот пазар падна за 2,7 отсто на 81,27 долари.

На состанокот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници во четвртокот одлучија да се држат до сегашниот план за зголемување на производството во декември за 400.000 барели дневно.

ОПЕК + одби значително да го зголеми производството, иако американскиот претседател Џо Бајден повика на поголемо зголемување за да се спречи брзиот пораст на цените.

Во САД, малопродажните цени на галон бензин се блиску до 4 долари, што се смета за точка на притисок за американските возачи, па Бајден ги повика главните производители на енергија во групата Г20 на водечки развиени и економии во развој да го зголемат производството.