Цените на нафтата под 55 долари

35

Цените на нафтата на меѓународните пазари се намалија под 55 долари, под притисок на силниот долар, ширењето на коронавирусот и бавниот процес на вакцинирање, што во втор план го фрлија кинеското закрепнување.

На лондонскиот пазар, пазарната цена се намалила за 24 центи и достигна вредност од 54,86 долари. На американскиот пазар, барел нафта се тргуваше за 10 центи пониска цена, од 52,26 долари.

Добра вест на почетокот на тргувањето беа податоците што доаѓаа од Кина, а покажуваа пораст на втората најголема економија во светот за 6,5% во последниот квартал од годината.

Трговците се посебно загрижени поради бавното вакцинирање против коронавирусот, што ги зголеми сомнежите дека глобалната економија побрзо ќе закрепне од заразата.

Фото: Pexels