Цените на нафтата под влијание на Индија

37

Цените на нафтата на меѓународните пазари достигнаа ниво под 66 долари поради притисокот од загриженоста дека огромниот број на заразени со коронавирус во Индија ќе ја намали побарувачката за гориво во третиот по големина увозник на нафта во светот.

На лондонскиот пазар цената на барел се намали за 1,14 долари на 65,43 долари, а на американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 61,39 долари или цена пониска за 1,28 долари.

Индија важи за трет најголем увозник и потрошувачка на нафта во светот, којшто прикажа рекорден број на смртни случаи како последица од коронавирусот, наведува Ројтерс.

Фото: Pexels