Цените на нафтата пораснаа

28

Вторник донесе смиреност на светските пазари на нафта.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 32 центи отколку на затворањето на тргувањето завчера и изнесуваше 78,44 долари.

На американскиот пазар се тргуваше по цена од 73,07 долари.

Утрово Брент се тргува по цена од 79,06 долари за барел, а ВТИ за 73,74 долари за барел.

На пазарите преовладуваше загриженост за снабдувањето поради прекинот на извозот од ирачки Курдистан, што се совпадна со заклучокот на инвеститорите дека интервенциите на регулаторите во САД и Швајцарија ја отстранија заканата од банкарска криза и ризикот за економскиот раст и побарувачката за нафта.

Извозот на околу 450.000 барели дневно од Ирачки Курдистан преку Турција е запрен откако арбитражниот суд потврди дека извозниците мора прво да добијат дозвола од Багдад.

Суспендирањето на извозот до крајот на годината би значело за Barclays до три долари повисока цена на нафтата оваа година во споредба со моментално предвидените 92 долари, соопшти банката.

Фото: Facebook