Цените на нафтата пораснаа четврта недела по ред

51

Цената на нафтата на светскиот пазар поскапе минатата недела, четврта недела по ред, при што цената на барелот го достигна највисокото ниво во последните три години на лондонскиот пазар, бидејќи се очекува побарувачката да продолжи да зајакнува.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 1,5 отсто минатата недела, на 79,28 долари и во еден момент достигна 80,75 долари, највисоко ниво во последните три години.

На американскиот пазар, пак, барелот поскапе за 2,5 проценти, на 75,88 долари.

Зошто растат цените?

Растот на цените е последица на закрепнувањето на економиите од кризата со корона и растот на побарувачката за горива, но и проблемите со производството во некои земји.
Американската банка Ситигруп проценува дека на пазарот ќе му недостасуваат просечно 1,5 милиони барели дневно во следните шест месеци, дури и ако понудата продолжи да се зголемува.