Цените на нафтата пораснаа седма недела по ред

20

Цената на барел нафта порасна и минатата недела на лондонскиот пазар, достигнувајќи тригодишен рекорд, бидејќи се очекува побарувачката да продолжи да се засилува, додека понудата е ограничена.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела порасна на 85,53 долари, а во еден момент достигна и 86,10 долари.

На американскиот пазар барелот поскапе за 1,7 отсто на 83,76 долари, што е нов рекорд од есента 2014 година. Поддршката на цените е поддржана од растот на побарувачката за нафта, но и други енергенси поради закрепнувањето на светската економија од корона кризата, додека најголемите производители на „црното злато“ имаат релативно ограничено производство.

Покрај тоа, цените растат поради стравувањата од недостиг на јаглен и гас во Кина, Индија и Европа, што го поттикна зголемувањето на цените на овие извори на енергија.