Цените на нафтата пораснаа, во фокус каматните стапки во САД

17

Барел нафта на лондонскиот пазар се зголеми на 84,18 долари, а на американскиот пазар барелот се тргува по цена од 80,62 долари.
Цените паднаа минатиот пред два дена поради загриженоста дека побарувачката за гориво дополнително ќе се притисне поради продлабочувањето на кризата на кинескиот пазар на недвижности што го задушува моментумот во економијата.

На цените влијаеше и можноста за дополнително зголемување на каматните стапки во Америка. Тие стапки остануваат во фокусот откако објавените записници од состанокот на американската централна банка во јули, ФЕД во средата покажаа дека претставниците на централната банка не дале јасна индикација за пауза во зголемувањата на каматните стапки во обид да се даде приоритет на борбата против инфлацијата.

Повисоките каматни стапки ги зголемуваат трошоците за задолжување на бизнисите и потрошувачите, што може да го забави економскиот раст и да ја намали побарувачката за нафта.

Од друга страна, Кина во јули забележа редок пад на залихите на сурова нафта, а за прв пат во последните 33 месеци магацините се празни.

Податоците објавени вчера покажаа дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднале за речиси шест милиони барели.

ОПЕК одделно објави дека во средата цената на барел кошничка нафта на нејзините членки паднала за 86 центи, на 86,96 долари.