
Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа во вторник поради неизвесноста на побарувачката во Кина, најголемиот светски увозник на нафта, јавува Anadolu.
Меѓународната референтна цена на нафтата „брент“ утринава изнесуваше 84,64 долари за барел по падот на цената од 0,82 отсто.
Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 81,24 долари за барел по падот од 0,85 отсто.
Според податоците објавени во вторникот, увозот на сурова нафта во Кина се намалил за 18,8 отсто месечно на околу 10,29 милиони барели дневно во јули, што укажува на слабата побарувачка што предизвика пад на цената на нафтата.
Попладнево брент се тргува по цена од 83,69 долари за барел, а WTI за 80,31 долари за барел.











