Цените на нафтата растат на светските пазари

31

Цените на нафтата денеска го достигнаа највисокото ниво во изминатите шест недели, бидејќи американското производство полека се опоравува од последиците од ураганот Ида, но постои загриженост за уште едно невреме што може да влијае на производството во Тексас.

Во Лондон, цената на суровата нафта Брент од Северното Море е повисока за 53 центи или 0,7 проценти и сега изнесува 73,45 долари за барел. Во Њујорк, цената на лесната сурова нафта порасна за 71 цент или еден процент и изнесува 70,43 долари за барел.

Цените на нафтата се зголемија иако ОПЕК ги намали прогнозите за побарувачка на нафта за последниот квартал од оваа година поради ширењето на видовите на делта од корона вирусот.