Цените на нафтата сè уште се блиску до 91 долар

12

Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари остана блиску до нивото од 91 долар, балансирајќи помеѓу најавите на Саудиска Арабија и Русија дека ќе ја намалат понудата до крајот на годината и знаците за забавување на кинеската економија.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше речиси непроменета во однос на крајот на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 90,84 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар каде барелот се тргуваше по 87,49 долари.

Утрово Брент се тргува по цена од 90,93 долари за барел, а американската WTI се тргува по цена од 87,66 долари за барел.

Минатата недела пазарите се балансираа меѓу најавите на Саудиска Арабија и Русија дека ќе ја намалат понудата за вкупно 1,3 милиони барели дневно до крајот на годината и знаците за забавување на кинеската економија поради слабата странска и домашна побарувачка.

Во фокусот на трговците оваа недела ќе бидат податоците за инфлацијата во САД во август и седницата на Европската централна банка (ЕЦБ). И американската ФЕД и ЕЦБ нагло ги зголемија каматните стапки од минатото лето за да ја ограничат инфлацијата, која го попречи економскиот раст.