Цените на нафтата со значителен пад во однос на претходните денови

55

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долари за барел. Американската нафта се тргува по цена од 109 долари.

Да потсетиме дека претходните две недели цените на нафтата беа поблиску до рекордно ниво, кога цената на барелот беше 121 долари.

Биткоинот бележи благо закрепнување на пазарот, неговата вредност од утрово е 20.150, за разлика од вчера кога изнесуваше само 18.303 долари.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.