Цените на нафтата “замрзнаа“ над 64 долари

13

Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 64 долари, поради сомнежите дека поларниот бран во Тексас би можел да го запре американското производство на повеќе денови, а можеби и недели.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта беше непроменета во однос на претходниот ден и изнесуваше 64,31 долар. Значајни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде што барел се тргуваше по 61,10 долари.

Поларниот бран во најголемата американска сојузна држава што произведува нафта трае скоро цела недела, поголемиот дел од рафинериите се затворени, а производството на нафта и гас е намалено. Преработувањето е намалено за околу четири милиони барели, а производство за околу милиони барели дневно.

Експертите предупредуваат дека поларниот бран би можел да направи проблеми во производството и на неколку недели бидејќи изворите се замрзнати, а рафинериите се затворени.

Фото: Pixabay