Цените на златото близу осумгодишен рекорд

57

Цените на златото се зголемија во средата најмногу во скоро осум години, поттикнати од честите нови случаи на зараза со коронавирус ширум светот кои ги намалуваат надежите за брзо закрепнување на економиите.

На физичкиот пазар, цената на унца злато се зголеми за 0,6% на 1.778,20 долари, што е највисоко ниво од септември 2012 година. На американскиот пазар, цената на златото во фјучерси договори се зголеми за 0,7% на 1.794,30 долари за унца.

Побарувачката за скапоцениот метал е поттикната од загриженост поради честите нови случаи на зараза со коронавирус.

Фото: Pixabay