Цените во земјоделството во декември

14

Индексот на цените во земјоделството во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3,2%, а кај аутпутот е зголемен за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, индексот на цените на тековно потрошените средства во земјоделството изнесува 96,5, а индексот на цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 100,6.

Во делот аутпут, во декември 2015 година, во споредба со декември 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103,4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97,8.