Цените во земјоделството во март оваа година

12

Цените во земјоделството во март оваа година, во однос на истиот период лани, кај инпутот бележат намалување од 8,1%, додека кај аутпутот има зголемување за 5,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, индексот на цените на тековно потрошени
средства во земјоделството изнесува 91,4, а индексот на цените на средствата наменети за инвестиции во земјоделството изнесува 101. Во делот аутпут, во март 2015 година, во споредба со март 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 107,7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.