Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки на УЈП во нови простории

25

Globi

Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки на Управата за јавни приходи (УЈП) е на нова локација и тоа во поранешната Централа на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Новиот објект е веднаш до зградата на ССМ, каде што во непосредна близина се наоѓа и Дирекцијата за големи даночни обврзници на УЈП. Канцелариите на УЈП, кои досега беа сместени во Градскиот трговски центар, нема да бидат во функција.

Контакт центарот на УЈП функционира на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), којшто претходно се наоѓаше во ГТЦ.