Централен регистер ќе ги контролира регистрационите агенти

48

Централниот регистар на Република Македонија ги информира граѓаните дека има обврска за спроведување на контрола на носителот на овластување регистрационен агент во однос на исполнетоста на критериумите за добивање на овластување, постапувањето при поднесување на пријава за упис и извршувањето на услугите за упис преку Системот за е-регистрација.

Самата контрола, започнувајќи од 07.06.2018 (четврток), ќе се спроведува од страна на службени лица вработени во Централниот регистар, овластени од директорот на институцијата за што ќе бидат и должни да се легитимираат пред субјектот кој е предмет на контрола.

Предметот на контрола ќе се однесува на проверка на:

  • на идентичноста на податоците содржани во пријавата и прилозите поднесени преку Системот за е – регистрација, со податоците содржани во прилозите доставени до регистрациониот агент од субјектот на упис,
  • на исполнетоста на критериумите определени со членот 34-а од овој закон,
  • во постапувањето согласно со членот 82 став (4) од Законот за трговските друштва.